Визуелни ефекти, aнимација, постпродукција. Ова се едни од највозбудливите и најбарани професии во последниве години, а кај нас за најдокажани важат FX3X, компанија која во своето 20 годишно работење успеа да стане незаменлив дел од групата компании кои работат на визуелни ефекти за најголемите и најскапи филмски блокбастери како Transformers, Star Wars, Aquaman, Guardians of the galaxy, Mission Impossible, Godzilla, Black Panther, Spider Man, Captain America и десетици останати почнувајќи од првиот нивен голем проект, филмот Aviator на Мартин Скорсезе со Леонардо Ди Каприо во главната улога.

Она што е уште повозбудливо е дека овој пат FX3X отвараат школа за сите оние кои сакаат да го научат занаетот. Уписите се веќе започнати во школата за визуелни ефекти наречено VFX Nest. Ова е првото школа за визуелни ефекти кај нас. Се разбира, во рамки на истата директно ќе бидат вклучени најискусните артисти од FX3X, со огромно искуство, со што студентите ќе имаат можност да учат директно од луѓето кои работеле на култни сцени од нивните омилени филмови, а зошто да не и наскоро, да се видат и себеси како дел од оние кои се впишани во шпиците на добитници на Оскар.

Пријавувањето во школата е исклучително едноставно, се што треба да направиш е да испратиш email на vfxnest@fx3x.com и ќе ги добиеш сите податоци за упис во VFX Nest, првата школа за визуелни ефекти во Македонија.

Сподели на Facebook
пати видено