Брод почнува да тоне. Капетанот ги замолуваа сите патници да се качат во чамците, но патниците се плашат да прескокнат. Тогаш капетанот оди кај секој од патниците, му шепнува нешто на увото и овој веднаш скока во чамецот. Се качиле сите, на крај се качиле и капетанот и помошникот. Помошникот го прашува:
– Капетане, што им рековте на луѓето па ги убедивте сете да се качат во чамците?
– Различен пристап за секој патник. На Германците им реков дека тоа е наредба. На Американците дека тоа е патриотски чин. На Русите дека во чамецот има водка.
– А како ги убедивте Македонците?
– На Македонците им реков дека е забрането.