Од нашата самодоверба зависи начинот на кој се гледаме себеси, но често таа се обликува и од надворешни чинители. Време е да си ја повратите контролата и да си ја осознаете сопствената вредност.
Прочитајте ги овие десет реченици кои ќе ви помогнат во постигнувањето на тоа.
1. Животот е премногу краток да го потрошите на грижење за тоа што другите мислат за вас.
2. Секој е прекрасен на свој начин, исто и вие!
3. Ако вие не се сакате себеси такви какви што сте, никој нема.
4. Никогаш не потценувајте се себеси поради пораз. Поразот е само дел од успехот.
5. Не завидувајте на туѓиот успех. Ќе дојде и вашето време.
6. Не може сите да ве сакаат. Но барем ќе знаете дека тие кои ве сакаат ве сакаат поради самите вас.
7. Секој заслужува љубов.
8. Никој не е направен само од недостатоци. Побарајте и ќе ги најдете вашите добри страни.
9. Никој не е ни совршен. Затоа престанете да се трудите да бидете совршени, бидејќи така ќе си ја загубите довербата во себе.
10. Обидувајте се најсилно што можете да си ги постигнете вашите цели.