Замислете си да можете да ги користите вашите соништа како симулации во кои ќе испробувате нови идеи, ќе се соочувате со нештата кои ве плашат и ќе си ги проширите животните можности така што сонот ќе ви претставува еден вид тренинг за вистинскиот живот. Исто како и во спортот, колку повеќе вежбата, толку подобри станувате.

Иако најчесто сме несвесни за соништата кои ги сонуваме ноќе, Тим Пост тренирал безброј поединци насекаде низ светот да бидат свесни додека сонуваат. „Луцидните сонувачи“ можат свесно да си ги преобликуваат сништата и да доживуваат длабоки искуства.

„Луцидно сонување“ е онаа фаза на сонот кога сме свесни дека сонуваме, но не сакаме да се разбудиме.

Тим дава увид во новата наука на луцидно сонување и ја открива потенцијалната моќ на употребата на луцидни соништа за да се унапреди психолошкиот развој и општата благосостојба.

lucid-dreaming1

Сподели на Facebook
пати видено