Некои Новогодишната ноќ ја нарекуваат „Аматерска ноќ“, бидејќи луѓето се препиваат за време на забавата и потоа целиот прв ден од новата година го минуваат кревет. Мамурлаците се присутни во човечкот живот уште од почетоците на употребата на алкохол, но многу малку се знаело за коренот од коешто ‘рти ова зло. Во епизодите од оваа недела на Јутјуб каналот Reactions се загледуваат во хемијата зад лошите ефекти на мамурлакот и нудат неколку совети токму на време за една од најголемите забави на планетата.
Ефектите од мамурлакот варираат од личност до личност, но вообичаено се јавуваат осум до шеснаесет часа откако ќе почнете да ги празните тие шишиња. Се одликуваат со непријатни телеснисимптоми како мачнина, чувство на вознемиреност и повраќање. Кога алкохолот минува низ вашиот црн дроб, тој се среќава со два ензими чијашто работа е да го разложат, ADH и ALDH, и да направат да може да се елиминира од телото.
„ADH го претвора алкохолот во ацеталдехид, кој е токсичен и е канцероген“ – се вели во видеото. „ALDH потоа ова соединение го претвора во ацетат кој понатаму се разложува во вода со јаглерод диоксид.“
Истражувањата покажуваат дека високото ниво на ацеталдехид може да доведе до опаѓање на когнитивната сопственост, загува на помнењето, сува уста, мачнина и чувство како некој да ве прегазил.
Доколку сакате да се ослободите од овие чувства, тимот на Reaction препорачува да си зготвите јајца за појадок.
„Јајцата имаат висока концентрација на амино киселина наречена L-цистеин, којашто на вашето тело мупомага полесно да го разложува вишокот ацеталдехид и на тој начин олеснува некои од симптомите на мамурлак.“
Дехидрацијата е една од најчестите и најзабележливите симптоми на мамурлакот. Причината за ова е во тоа што алкохолот кој сте го испиле во текот на ноќта може да го попречи лачењето на хормон во нашите тела кој на бубрезите им дава упатство колку вода можат да задржат.
Ниското ниво на овој хормон ќе предизвика вашите бубрези да го исфрлат вишокот вода во мочниот меур, и поради ова научниците алкохолот го нарекуваат диуретик.
„Обидете се да испиете по една чаша вода за секоја чаша алкохол која ќе ја внесете“, велат експертите. „Колку повеќе вода има во вашиот систем, толку помали се шансите за дехидрирање.“
Ако испиете премногу за најлудата ноќ, веројатно ќе спиете подолго од вообичаено – особено ако имате слободен ден. Но, дали сте забележале дека без разлика колку долго спиете, се чини дека не ви е доволно? Тоа се должи на тоа што тие неколку чаши на крајот на забавата ги измамиле двата невротрансмитери задолжени за вашето заспивање и будење.
Гама-аминобутерната киселина е инхибиторен невротрансмитер, што значи дека ги ограничува невралните процеси во централниот нервен систиме.
„Алкохолот ја зголемува активноста на гама-аминобутерната киселина и нејзините рецептори на крајот ги предизвикуваат овие ефекти кај централниот нервен систем.“
Другиот трансмитер е глутамат, кој ја поттикнува невралната активност. Алкохолот ја попречува способноста на рецепторите да се потчинуваат на упатсвата кои ги дава глутаматот, што резултира со намалена неврална активност. Колку повеќе алкохол ќе испиете, толку помалку време ќе отспиете во REM фазата, без разлика колку уморни сте биле пред да си легнете. Совет за овој проблем е да не пиете ништо час и половина пред да си легнете. Пред да почнете да пиете, погрижете се добро да се најадете со храна богата со протеини, што ќе го забави апсорбирањето на алкохолот во крвта. Не пијте на гладен стомак, освен ако не сакате мачнина во стомакот.