Колку и да изгледа вонземно и на високо техничко ниво изработена оваа маса, всушност секој би можел лесно да направи ваква во својот дом! Сѐ што ви треба се неколку штици од чемпресово дрво, фотолуминисцентен прав, лак, основни алати и малку труд. Мајк Ворен, ентизијаст и блогер подготви упатство како да се изработи оваа атрактивна маса. Треба да го измешате фотолуминисцентниот прав во лакот и да ги пополните празнините кои природно се формираат во чемпресовото дрво. На тој начин ќе изработите маса со интересни и природни обрасци кои ќе засветат ноќе по заоѓањето на сонцето.
Ако ги имате потребните алати, материјали и ентузијазам, фатете се за работа.