За прв пат по повеќе од еден век, високата секвоја во Боиз, Ајдахо, има нов поглед на светот. Екипи на „Уредување на животната средина“, компанија која е специјализирана за пресадување на големи дрвја, го заврши скоро 12-часовното преместување на историската 30-метарска секвоја на 25 јуни. Примерокот тежок над 360.000 килограми, дониран од страна на починатиот натуралист Џон Муир во 1912 година бил преместен за две улици за да се направи место за проширување на болницата.

Анита Кисе, портпаролка на здравствениот дом „Св. Лука“, откри дека болницата платила околу 300.000 долари за да се пресели најголемата во Ајдахо.

„Ние ја разбираме важноста на ова дрво за оваа заедница“, изјави Кисе за АП. „Сечењето никогаш не било ни опција“.

Како што се гледа од видеото преместувањето на дрвото е многу деликатна работа, за кога им требало повеќе заоблени цевки и многу трпение. Секјовата била во центарот на вниманието на Форт Стрит, бидејќи екипите ја потценувале дупката неопходна за сместување на транспортните цевки и работеле жестоко за да ја прошират. До 11:15 часот наутро во неделата, сè било во ред и дрвото било безбедно преселено во својот нов дом во Форт Бојс Парк.

Според Дејвид Кокс, сопственик на компанијата која го пресадила дрвото, вакви внимателни чекори му даваат на дрвото околу 95 проценти шанси за преживување по пресадувањето. „Би рекол дека секвојата е стара 300 до 500 години. Уште е младо дрво.“, вели Дејвид.

Сподели на Facebook
пати видено