Цената на бензинот е иста на сите бензински станици, но не и квалитетот. Токму затоа треба да внимавате каде полните бензин. Следуваат неколку едноставни начини со кои можете и сами да го проверите квалитетот на бензинот што го купувате.
1. Најпростиот начин е да ја проверите чистотата на бензинот со лист хартија. Едноставно капнете и ако листот остане чист значи бензинот нема адитиви и е квалитетен.
2. Вториот начин е со палење. Истурете малку бензин на стакло и внимателно запалете го. Ако после горењето на стаклото остане жолто-кафеава трага, тоа значи дека бензинот има примеси.
3. Следниот начин е со прст. Натопете го прстот со бензин и почекајте малку. Ако прстот ви се исуши значи бензинот е чист, а ако ви остане масен тоа значи дека во него има присуство на нечистотии.
4. Луѓето со осетлив нос може да го осетат присуството на некои примеси и само со мирисање. На пример ако бензинот по малку мириса на сулфур, тоа е затоа што содржи сулфурводород.