Луѓето кои носат очила знаат како е да се чувствуваш зависен од нив кога ги немаш со себе. Или ќе се сопнат од креветот наутро, или не можат да ја видат бројката на автобусот додека чекаат на постојката итн. Но, како што прикажува ова видео, има едноставен трик кој привремено може да го реши тој проблем, овозможувајќи ви да гледате појасно без очила или контактни леи. Сѐ што треба да направите е да направите еден вид тунел со прстите на вашата рака, правејќи мал отвор кој служи нешто како објектив.

ok01

Д-р Дејвид Алемби, очен хирург од лондонската очна клиника Фокус вели дека за овој трик во Кина се знаело уште од 5 в. пр.н.е. Трикот функционира на принцип на сосредоточување на светлина врз мрежницата, чувствителен дел на задниот дел од окото кадешто се формира јасната слика. Другото око треба да биде затворено или покриено со другата рака.

ok02

„Уште од мала возраст, ако нешто не можеме да видиме, инстинктивно го подзатвораме очниот капак за да го постигнеме овој ефект“, додава тој. Кога светлината од некој предмет влегува диретно низ зеницата, таа не треба да се фокусира и создава јасна слика. Но, ако светлината доаѓа од различни далечини, таа се распространува низ мрежницата, создавајќи заматена слика.Нашите очи имаат лќи – и мускули кои можат да ги затегаат – со тоа фокусирајќи ги светлинските зраци. Но, кај луѓето на кои им се потребни очила, тоа не секогаш фунцкионира како што треба, бидејќи светлината не се фокусира врз мрежницата.

ok03

„Преку трикот со тесен отвор на раката, кој научно се нарекува стенопеичен ефект, се елиминира нефокусираната светлина со што се овозмжува јасна слика“, објаснува д-р Алемби. „Но, ова значи дека видното поле е доста стеснето и се ограничува информацијата која се праќа до мозокот.Сликата е и доста потемна бидејќи во окото влегува само малку светлина. Но, во некои ситуации ова би можело да им помогне на повеќето луѓе“, вели тој.

Д-р Алемби инсистира дека ова сепак е краткорочен трик, кој може да ви помогне во крајна нужда. Луѓето кои имаат проблем со видот, сепак треба да советуваат со очен лекар.

Сподели на Facebook
пати видено