Русија 2046 е уметнички проект на рускиот уметник Евгениј Зубков, посветен на неговата визија како Русија може да изгледа за дваесет години, ако сегашните технологии се развиваат понатаму, но сепак се запостават вообичаените работи во Русија. Неговите дека се мешавина од имагинативно среќавање на минатото со иднината. Тој е дел од MXD, група на пет уметници кои го претвораат вообичаениот пејзаж во паралелна реалност.
Тие се исто така познати по проектот Existential Google, во кој што блокови со егзистенцијални прашања на Google биле поставени на сиви депресивни пејсажи. На фотографиите може да се види како старица (која веројатно е сега млада жена) храни дронови (со батерии?), како да нема повеќе птици во градовите. И земјоделецот не ги обработува земјоделските култури, туку крипто-валутите во огромна дрвена сајбер фарма со големи графички процесори. Исто така се претставени и негативностите од виртуелната реалност.