Примероци од коњски измет помогнале да се реши една од најголемите мистерии на војување во антиката. Пред 2 000 години, картагинскиот генерал Ханибал предводел армија од 30 000 луѓе, коњи и слонови во изненадувачки напад против Римјаните по тежок и снежен терен на Алпите – нешто за што Римјаните сметале дека е невозможен потфат.

hn

Како Ханибал успеал да ги мине планините со толку голема армија со години било предмет на дебата, но сега професорот Бил Мехени, геоморфолог од Јоркшкиот универзитет во Торонто верува дека најпосле го нашол материјалниот доказ за рутата по која минале Картагињаните.

Клучот за загатката, кој бил најден за време на научна експедиција во регионот, бил голем остаток од коњски измет, стар 2 000 години.

„Ова можеби е првиот опиплив доказ, иако малку необичен, за човечка или животинска активност во времето на Ханибаловите напади на Апенинскиот полуостров“, пишуваат истражувачите.

„Иако не можеме заклучно да определиме дека доказот посочува директно на Ханибал, резултатите се совпаѓаат со минувањето на голем број животни и луѓе.“

На теренот сега се трага и по измет од слон, со што дефинитивно би се потврдила патеката на движење на славниот војсководец кој го потресол моќниот Рим.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено