Лео Келнер е жив доказ дека никогаш не е премногу доцна да си најдете ново хоби, да ги развеселите другите и да ја надминете личната трагедија. 98-годишниот вдовец прави слатки десерти за загрозените семејства во неговиот град, хоби кое го усвоил откако починала неговата сопруга.
Сопругата на Келнер починала од компликации поврзани со деменција во 2012 година. Вдовецот имал решение за неговата болка, па затоа заминал во кујната. Мајката на Келнер го научила да прави слатки кога тој беше мало момче, а овие детски кулинарски часови му служеле како инспирација за новиот проект: Правење на слатки задоволства за сиромашните.
Во првата година по смртта на неговата сопруга, Келнер направил 144 пити со јаболка. Тој ги донирал десертите на индивидуалци или семејства со кои се поврзувал преку локални групи. Една година подоцна, домашниот готвач додал торти и колачи во неговото „мени“.
Денес, Келнер пече стотици десерти годишно. Неговите специјалитети вклучуваат пити со јаболко, цреша и пита без шеќер. Чоколадни слатки со жолта, германска чоколада, торти и колачи. Бидејќи вкусовите и здравствените потреби на сите се различни, Лео најчесто прави индивидуални слатки. На пример питите без шеќер се за дијабетичарите, а исто така пред да ги направи дозволува да се изменат одредени состојки доколку личноста е алергична.
Келнер прави слатки за болните, сиромашните, ожалостените, но подарува десерти и на пријателите, персоналот од болницата кој се грижел за неговата сопруга, па дури и на непознати, бидејќи за него била најважна насмевката на лицата на луѓето. Тој никогаш не наплаќа за неговите десерти, а состојките најчесто ги добива со попуст во продавниците или како донација. Неговиот единствен услов е оние кои сакаат да пробаат од неговите десерти треба да дојдат лично во неговиот дом.
Келнер најчесто работи самостојно. Сепак, тој има артритис во десната рака, па понекогаш му е потребна мала помош во кујната. Повремено, му помага негов пријател, кој работи како чувар. Но, поголемиот дел од времето, Келнер е оној кој што помага на неговата заедница.