Рејчел Мур се соочила со смртта кога нејзиниот бивш партнер Дерил Филдс зел да го полни својот пиштол за да стрела во неа уште еднаш – тоа што ѝ го спасило животот била неверојатно храбрата реакција на нејзините пет мали деца.

Ноќта на 11. април 2014 година, Чејмберс Флат во Квинсленд, Филдс кој бил под силно влијание на опојни средства влетал домот на Мур и ја застрелал еднаш во раката. 38-годишната мајка раскажува дека кога видела како Филдс го паркира својот автомобил, се исплашила од најлошото и им кажала на своите деца, кои се на возраст од две до четиринаесет години, да бегаат и да се скријат. Потоа тие гледале во ужас како нивната мајка е фатена за гуша, а потоа кога тој се вратил со пиштол, виделе како паѓа на подот во локва крв.

h10

Во еден миг тие заборавиле на предупредувањето на нивната мајка да се кријат и храбро го нападнале нејзиниот напаѓач, во моментот кога тој го полнел својот пиштол.

„Тој едноставно го извлече пиштолот и испука, и мама падна наназад. Јас едноставно му скокнав на грбот и почнав да го давам“, раскажува четиринаесетгодишниот Џејден. За првпат, тој и неговиот брат Камерон јавно проговараат за ноќта кога тие биле исклучително несебични и бестрашни.

h06

„Си помислив дека тоа може да биде крај за целото мое семејство, за сите мои браќа и сестри, и јас се стрчав и го удрив со лактот“, додава дванаесетгодишното момче.

h05

Филдс практично ѝ ја разнел раката на Рејчел, кога нејзините синови се стрчале и му го одзеле пиштолот. Но Филдс продолжил да ја влече Филдс и се обидел да ѝ ги ископа очите. Тогаш дванаесетгодишникот го удрил во слепоочницата и напаѓачот паднал на подот заедно со четиринаесетгодишникот кој почнал да го дави.

Додека момчињата се бореле со напаѓачот, десетгодишната Кајлиа ја кренала мајка си и ја засолнила. Кога повикале полиција, од централата мислеле дека тоа е шега, па Кајлиа му го дала телефонот на Џејдин за да ги убеди и да испратат помош.

Филдс бил уапсен и против него е покренато обвинение за убиство во обид,како и серија други обвиненија вклучувајќи домашно насилство и незаконско поседување на огнено оружје. Тој се изјаснил виновен по сите обвиненија и ја очекува својата пресуда.

Рејчел Мур за малку ќе ја изгубела раката и раскажува како ги слушнала лекарите додека разговараат за можноста да ѝ ја ампутираат, по што ги замолила да не го прават тоа. Била подложена на петнаесет операции, вклучувајќи и бројни пресадувања на кожа. Ѝ претстои долго закрепнување, а веројатно и трансплантација на бицепсот.

h02

Децата за својата храброст не добиле признание само од нивната сакана мајка. Минатата година им бил доделени медали за храброст „Гордост на Австралија“.

 

Сподели на Facebook
пати видено