Човек од Делавер, САД, бил еден од десетиците луѓе повредени во ужасниот напад во ноќен клуб во Истанбул за време на пречекот на Новата Година. 35-годишниот Џејкоб Раак е сопственик на мал бизнис во Гринвил, Делавер, кој бил во посета на Истанбул заедно со неговите пријатели. Тој бил еден од 600-те луѓе кои ја пречекувале Новата Година во областа Ортакој, Истанбул, кога околу 1:15 часот по полноќ влегол терористот и отворил оган врз луѓето.
Раак бил застрелан во ногата, но друг куршум го уништил неговиот телефон, кој веројатно спречил повреда на главната артерија, велат докторите. Се очекува дека ќе биде пуштен во текот на следниот ден и ќе се врати во Филаделфија кај своите пријатели.
Терористот, кој пукал во сѐ што се движи, уби најмалку 39 луѓе, а повреди околу 70. Речиси третина од убиените – 25 луѓе – биле странци кои таму ја прославувале Новата Година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!