Копното покрива околу 510 милиони квадратни километри од планетата, коешто е разделено помеѓу 196 држави коишто се дом за 7125 милијарди луѓе. Со толку многу земја на располагање на Земјата, би помислиле дека луѓето би се распределиле рамномерно насекаде низ светот – но оваа интересна мапа открива дека тоа не е така. Еден претприемач употребил податоци од НАСА за да дознае каде живее поголемиот дел од светското население и открил дека половина од нас сме збиени во само еден процент од копнената површина на светот.
Макс Галка, коосновач на бизнис со податоци за недвижнини, собрал информации од НАСА за населеноста на земјата за да создаде информативна мапа. Според блогот на Галка, вмрежените податоци за населеноста го делат светското население во мрежа од мали квадрати, без да се води сметка за административните граници.
За ова истражување била употребена мрежа од 28 милиони квадрати, при што секоја од нив претставува површина од 3х3 кватратни милји (7.8×7.8 квадратни километри), Од 28 милиони квадрати, оние со население поголемо од 8000 се обележани со жолта боја, што значи дека тие области имаат густина на населението околу 900 луѓе на секои 2.5 квадратни километри. Црните делови на мапата го претставуваат спротивното, кадешто населеноста изнесува помалку од 900 луѓе на 2.5 квадратни километри.
И како што покажува мапата, Африка има најголем слободен простор за живеење. Северниот дел на Африка е многу ретко населен, со еден голем исклучок.
Најнаселен континент е Азија.
Најгусто населен остров на светот е Јава, а Јапонија е најголем остров во светот, при што Токио е најгусто населен град, со 6000 луѓе на квадратен километар.
Иако ја нема густината на население на Азија, Европа е забележително рамномерно населена низ целиот континент.
Што се однесува до САД, половина од населението на САД е распрснато во внатрешноста, додека останатата половина живее во големите градови.
Обединетите Нации минатиот август објавија студија според која до крајот на овој век бројот на население во светот ќе порасне на 11 милијарди. До 2050 година, светското население ќе порасне од 7.3 милијарди на 9.7 милијарди а до 2100 година, сегашното население на Африка од 1.2 милијарди луѓе се очекува да порасне на 5.6 милијарди.
Експертите предвидуваат дека толку брзиот пораст на население ќе го зголеми загадувањето, ќе ги намали ресурсите и ќе ја зголеми невработеноста, сиромаштијата, криминалот и политичките немири.