Барањето на работа секогаш е предизвик. Не можеме да предвидиме како ќе се спроведе интервјуто и што ќе бидеме прашани. Во меѓувреме, во арсеналот на раководители на човечки ресурси постојат голем број прашања кои не се секогаш јасни за кандидатите.
Ги разгледавме оние кои најчесто се поставуваат и најмногу ги иритираат луѓето, бидејќи одговорот не може секогаш да биде јасен.
По што се разликувате од другите?
Кога ќе ви го постават ова прашање не се споредувајте со другите, обидете се да ги истакнете вашите спосбности и достигнувања, но фокусирајте се на оние кои се однесуваат за тоа работно место. Раскажете за некоја ваша успешна задача, проект.
Во какви односи бевте со претходните претпоставени?
Работодавците сакаат да го постават ова прашање, бидејќи одговорот на него кажува многу за вашиот карактер и работни вредности. Не го критикувајте шефот, колегите или компанијата. На пример, може да кажете дека сте биле разочарани од недостатокот на изгледи за професионален развој и затоа сте заминале.
Прекини во работните односи
Најчесто кога работодавците ќе забележат дека сте имале пауза во работното искуство прашуваат што сте правеле во тој период. Не лажете бидејчи таквите информации лесно се проверуваат. Во резимето не пишувајте месеци туку години на работа пример „2017-2018“, а не „од мај 2017 до април 2018“. Исто така не заборавајте да спомнете доколку сте биле волонтер или сте работеле како хонорарец.
Кои се вашите слаби страни?
Бизнис-експерт Бернард Мар, како одговор на прашањето за недостатоците, советува да кажете за некоја мала несовршеност на карактерот, што не е директно поврзана со посакуваната позиција. На пример доколку сакате да работите како сметководитол кажете дека имате трема да зборувате јавно, а не дека сте невнимателни.
Што знаете за нашата компанија?
Прво, ова прашање е насочено кон проценување на степенот на интерес на кандидатот за компанијата, неговата активност, сериозноста на намерата да се вработи. Затоа секогаш истрашете го ова:
- година на основање на компанијата,
- кои производи и услуги ги произведува,
- на кои пазари функционира,
- колку вработени работат во неа,
- мисија, вредности на компанијата.
Раскажете ни за себе?
Бидете подготвени да ги кажете главните моменти од работната биографија. Користете ја едноставната формула: „сегашност – минато – иднина“. Прво, споделете кој сте во моментот, што правите, што можете да направите. Потоа кажете им за што довело до вашата сегашна позиција: сет на вештини и искуство. На крајот – за своите планови и перспективи.
Каде се гледате за 5 години?
Ова помага да се идентификуваат можните силни несогласувања во очекувањата во фазата на интервју. На крајот на краиштата, важно е двете страни да го разберат тоа однапред. Ова ќе помогне да не го губите вашето време и да се избегнат разочарувања во иднина, затоа потребно е да одговорите искрено. Доколку и самите не знаете, а ви е потребна работата кажете работа позиција која е степен или два повисока од вашата, но не претерувајте дека се гледате како директор на компанијата.
Зошто толку често сте ги менувале работните места?
Доколку за напуштањето на работните места има оправдана причина не заборавајте да го истакнете тоа во резимето. Доколку вие сте биле причината обидете се да им објасните што сте научиле од ова искуство.
Зошто сакате да работите кај нас?
Ова прашање му помага на работодавачот да ја разбере не само вашата мотивација, вашите очекувања, туку и да утврди колку се разумни. Обидете се да покажете како вашето искуство, вештини и лични квалитети се совпаѓаат со позицијата на компанијата и нејзината корпоративна култура. За ова ви е потребна и дпбра информираност за компанијата.
Раскажете ни за вашата најголема грешка!
Раскажете им што сте научиле од грешката, како сте успеале да го примените искуството и да се смените на подобро. Можеби сте научиле да бидете поорганизирани? Употребувајте умерени грешки на пример не кажувајте дека сте задоцниле на состанок со клиент затоа што претходната вечер сте биле пијани на забава.
Недостаток на личен и семеен живот
Целта на ова прашање е да се создаде повеќе или помалку точен психолошки портрет на кандидатот. Се верува дека семејните луѓе се поодговорни, избалансирани и помалку склони кон неочекувани дејства.
Ако таквите прашања се многу непријатни за вас и изгледаат премногу лични, важно е да не се однесувате агресивно и фино да го менувате правецот на разговорот. Ако сте особено заинтересирани за потенцијалната работа, тогаш најдобро од сѐ е да имате љубезен тон и да раскажете за вашите животни приоритети.