Петнаесетгодишна девојка којашто заедно со нејзиното момче побегнала за да се придружи на ИСИС, минатата недела е спасена по втор пат, по изведена рација на курдските специјални сили во Мосул. Марилин Стефани Невалаинен од Борас, западна Шведска, во мај минатата година останала бремена и ја напуштила својата татковина заедно со нејзиното деветнаесетгодишно момче, кој е поддржувач на ИСИС.

Во октомври била спасена од страна на курдските сили, но избегала од своите спасители за да му се врати на својот партнер, и неколку дена подоцна родила син.

kr01

Невалаинен првпат била пријавена за исчезната во јуни од страна на нејзините биолошки родители, како и од страна на семејството во кое била посвоена, откако ги излажала дека нејзините биолошки родители ѝ дозволиле да замине во Стокхолм на неколку дена. Последен пат била видена на железничка станица на 31. мај, кадешто биле испратени заедно со нејзиното момче од страна на семејството кое ја посвило, мислејќи дека ќе одат во Стокхолм.

kr02

Според шведските медиуми, младиот пар се венчал со муслиманска церемонија во Стокхолм. Потоа минале преку Данска, Бугарија, Турција и на крајот стигнале во Сирија, кадешто се придружиле на ИСИС. Првиот обид за ослободување бил изведен при крајот на октомври, кога била во поодмината бременост, но тинејџерката некако успеала да се врати на нејзиното момче во Мосул. Неколку дена подоцна родила син, за когошто сѐ уште не се знае ништо.

Невалаинен сега тврди дека била наведена да избега од нејзиниот дом од страна нејзиното момче, припадник на ИСИС, кој загинал во руски воздушен напад. Таа сега се наоша во регионот Курдистан, кадешто чека да биде предадена на шведските власти и да се врати дома.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено