Двајца блиски пријатели умираат во сообраќајна несреќа и отишле заедно кај Свети Петар. Тој едниот го испратил во Рајот, а другиот во пеколот. Еден ден испратениот во Рајот се шетал безгрижно и стигнал до оградата на пеколот. Го видел пријателот како седи на маса со чаша виски на неа, во неговиот скут убава дама во провокативна долна облека, а до него свири оркестарот. Стоел изненаден некое време на крај решил да праша:
– Абе пријателе, нели јас сум во рајот, а кај нас такви задоволства нема. Подобро да не водев толку праведен живот, па да си бев кај тебе во пеколот.
Неговиот пријател го погледал некое време, зел длабоко воздух и одговорил:
– Мислиш дека е убаво во пеколот а? На чашата има дупка, а на жената не. Оркестарот е раштиман, а по малку излегува да пее Екрем!