8-годишната Лиа Карико и 5-годишната Каролин Карико пред два дена исчезнале од својот дом во близина на шума во Калифорнија, САД.
Тие тргнале на прошетка и се изгубиле, но за среќа оставиле трагови по кои биле пронајдени од спасувачите. За среќа девојчињата биле неповредени и со себе носеле колачиња кои им помогнале да ја одржуваат енергијата.
Двете девојчиња биле пронајдени на 3 километри од нивниот дом. Тие јаделе колачиња и зад нив ги оставале обвивките, а благодарение на ова спасувачите биле во можност да следат во кој правец се движеле децата. Тие биле дехидрирани и смрзнати, но немале сериозни последици.
Ниваната мајка вели дека последен пат пред да исчезнат ја прашале дали можат да се прошетаат, но таа ги одбила. Подоцна сфатила дека тие заминале без нејзина дозвола.