Катастрофите создаваат неверојатни пријателства. Луѓето кои инаку можеби никогаш не би се сретнале, завршуваат во ситуација да преживеат големо невреме. Таков бил случајот на таксистот од Хјустон и едно неверојатно суштество.
Таксистот Вилијам Брусо купувал резерви пред ураганот Харви. Кога се вратил во својот автомобил, јастребот седел на совозачкото седиште од неговиот автомобил. И покрај најдобрите напори на Брусо, јастребот одбивал да замине.
Затоа наместо да биде агресивен со јастребот, Брусо го крстил јастребот Харви и го земал дома со него. „Харви не изгледа како да е глупав, затоа што видел и побарал засолниште со мене тука. Како и да е ќе одиме дома. во ред пријателче ќе бидеп мојот копилот. Во понеделник ќе побарам специјалисти за да го згрижат. Изгледа си има проблеми. Многу е исплашен, едноставно не сака да биде надвор.“, вели Брусо во видеото 4.
Во домот на Брусо Харви се качил на полица за пијалоци, добил сад со вода, неколку пилешки срца и суво место за да го помине ураганот. До сабота навечер, Брусо ја контактирал „Коалицијата за рехабилитација на дивиот свет во Тексас“ за да го соберат Харви јастребот и да обезбедат медицински услуги што би можеле да му помогнат и да му помогнат да се врати назад во своето природно живеалиште.
„Се чувствувам многу почестен и благословен, што ми беше дадена можност да му овозможам засолниште од ураганот Харви по негово барање.“ напишал Брусо во видеото. Мали се шансите Брусо и Харви повторно да се сретнат, но доколку тоа се случи да се надеваме дека ќе биде во подобри услови.