Шанара Мобли, биолошка мајка на Камија мобли, која била киднапирана по нејзиното раѓање и сега е Алексис Маниго, дала трогателно сведочење во судница за време на сослушувањето за киднапирањето на нејзината ќерка.
Глорија Вилијамс ја киднапирала Камија, само неколку часа по нејзиното раѓање и ја одгледала како своја. Девојчето иако се запознало со своите биолошки родители, нејзините браќа, сестри и роднини, сепак ѝ простува на „лажната мајка“ и вели дека не може да ја обвинува затоа што добро се грижела за неа.
Уништената жена во судницата раскажала за тешките моменти низ кои поминала кога ѝ го киднапирале детето: „Секогаш размислував за моето бебе секој ден, секој ден. Се случуваше да плачам во автомобилот, во креветот, во бањата, се играв со нејзините браќа и сестри и плачев. Тоа не е зараснато сега, сѐ уште боли. Кога се обидуваш да допреш до своето дете. Јас сум твојта мајка Камија! Јас сум твојата мајка.“
На 10 јули 1998 година киднаперката Глорија се „маскирала“ во медицинска сестра и го украла девојчето кое било старо само 8 часа и исчезнала од болницата. Таа пред две години сама и признала на „нејзината ќерка“ дека ја киднапирала, кога Камија(Алексис) аплицирала за работа во ресторан и го побарала нејзиниот број на социјално осигурување.
Камија тивко го анализирала нејзиниот живот и дознала сѐ за нејзиното киднапирање преку Гугл. Таа дури и ѝ се јавила на биолошката мајка, но ја фатила паника и ја спуштила слушалката. Тинејџерката ги запознала своите биолошки родители кога Мобли и Ајкен, кои се разделиле по киднапирањето, се возеле да ја видат по апсењето на Вилијамс.
Камија изминатите 12 месеци ги поминала во запознавање на нејзините билошки родители, 36-годишната Шанара Мобли и 42-годишниот Крег Ајкен, како и запознавањето на нејзините браќа и сестри кои не знаела дека воопшто ги има.
Таа веќе формирала „неверојатна врска“ со својот биолошки татко и веќе неколку недели живее во неговиот дом. Тинејџерката го прославила Божиќ со Ајкен, неговата сопруга Шенон и нејзините осум полубраќа и сестри. Но, бидејќи ја брани киднаперката Вилијамс, Камија не може да ја обнови врската со нејзината биолошка мајка.
Шанара Мобли напишала на Фејсбук: „Солзите нема да запрат. Го гледам моето мало девојче како ја сака оваа жена во нејзиниот живот, а не мене.“ Камија во врска со односот со билошката мајка вели: „И беше навистина тешко на мојата мајка да го сфати тоа. Ние работиме на нашата врска. Не сакам да дефинирам која е мојата мајка, сакам да ги почитувам двете страни. Не сакам да им ги одземам должностите или пак она што го направиле за мене. Не сакам да изберам страна.“
Вилијамс треба да биде осудена овој месец и може да се соочи со затворска казна до 22 години.