Значи многу ме нервираат тие што ги исмеваат луѓето кои што носат производи во багажникот кога одат на одмор во Грција. Сега ќе ви објаснам зошто.
Јас на пример носам сосема малку производи.
10-тина паштети, сепак тргнувам на пат со децата, да не им се пријаде, а и за таму ќе се најдат.
3 пакети минерална вода, нивната не чини.
5 пакети лименки скопско, нема да им плаќам дупло за нивното глупо пиво!
1 црево чајна, 1 шунка и 1 посебна, затоа што таму треба да купувам ливчиња.
2-3 кг домати, затоа што македонските се најквалитетни на цел свет, а носам и вреќичка беровски компир.
24 ролни тоалетна хартија затоа што сум си навикнат на нашата.
Фатив акција плати 2 кока коли плус чаша во Веро, па си направив еден сервис од 6 чаши, а кока колата немам намера да ја фрлам.
Мислев и сладолед да носам, но ми текна дека ќе се стопи. Сега се чудам дали воошто да им одам да не ми се расипе нешто по патот а и да не им плаќам по 30 евра од ден за скапаниот апартман.

Сподели на Facebook
пати видено