Робот-сумо, или пепе-сумо, е спорт во кој два роботи се обидуваат да се исфрлат еден од друг од кругот (на сличен начин како во сумо борењето). Роботите што се користат во овој натпревар се нарекуваат сумоботи.
Роботите не се движат со далечинско, туку сами, а предизвикот на јапонските инженери кои ги конструираат е роботот да го најде својот противник (обично со инфрацрвени или ултра-звучни сензори) и да го исфрли од арената. Роботот, исто така, треба вешто да ги избегне испаѓање од арената, обично со помош на сензор кој го детектира работ на кругот.
Најчестото „оружје“ кое се употребува во натпреварот е остро сечиво на предната страна на роботот, обично со агол од 45 степени. Ова сечило има прилагодлива висина за различни тактики.
Интересно е уште и тоа што Јапонците имаат и категории на роботите:
Тешка (до 56кг и не поголем од коцка со раб 61цм)
Лесна (до 22кг и не поголем од коцка со раб 61цм)
Стандардна (до 3кг и не поголем од коцка со раб 20цм)
Мини (до 500гр и не поголем од коцка со раб 10цм)
Микро (до 100гр и не поголем од коцка со раб 5цм)
Нано (само да не е поголем од коцка со раб 2,5цм)
Фемто (само да не е поголем од коцка со раб 1цм)