Со години се водат жестоки дебати за тоа дали електрицитетот може безбедно да се пренесува преку воздух до домаќинствата и, додека од време на време се известувало дека ова е постигнато во мали размери, никогаш не било извршено големо мејнстрим проучување на овој феномен, сѐ до сега.

Научници од Јапонската агенција за истражување на воздушниот простор успеале да спроведат електрицитет до определна цел на растојание од 55 метри, со помошта на микробранови.

„Ова е прв пат некој да успее да прати електрична енергија во износ од близу два киловати со помош на микробранови до мала цел, употребувајќи деликатен контролен уред за насочување.“, изјави портпарол на агенцијата.

„SSPS се состои од вселенски објект за производство и пренесување кој ја собира сончевата светлина и ја конвертира во микробранови или ласерски зраци, и потоа ја пенесува до земјата до објект за примање на енергијата“, објаснува истражувачот Јасујуки Фукуморо. „Ќе треба да се решат многу технолошки предизвици пред SSPS конечно да може да се примени. Кога се пренесува енергија со помош на микробранови, значаен технолошки предизвик е контролирањето на правецот и пренесувањето со стопроцентна прецизност од геостационарната орбита до приемникот на земјата.

Проектот SSPS првично ќе биде наменет за вселенски апликации, за напојување на вселенските станици, шатлови и опрема, но на крајот се планира и негова практична примена на Земјата.

 

Сподели на Facebook
пати видено