Сите едвај ја чекаме ерата на роботи кои ќе ни ги вржат сите домашни задачи и можеби тоа време ќе дојде наскоро, со постојаниот развој на технологијата.
Сепак најновиот обид, не помина баш според планираното. Компанијата „Мира Роботикс“ неодамна пред јавноста го претстави Уго, робот за средување на облеката за перење и веруваме дека некој би сакал да го има Уго како негов помошник дома, но сѐ уште не знаеме кој.
Она што ја прави демонстрацијата толку забавна е спорото темпо со кое роботот ја извршува задачата која наводно треба да е негова „специјалност“. Всушност не се гледа на видеото како роботот ја вади крпата од машината за перење, иако од компанијата велат дека го прави и тоа, заедно со диплење, најверојатно им снемало меморија додека снимале.