Во текот на последните неколку години, јапонските ученици стекнале навика да цртаат прекрасни уметнички дела на нивните табли помеѓу часовите. За да го прослави овој прекрасен тренд, јапонскиот производител на училишни табли Ничигаку станал домаќин на натпревар во цртање со креда, за да се откријат најдобрите уметници со креда во Јапонија.
Јапонската уметност со креда главно се сосредоточува на нештата кои на учениците им лежат на срце, како спортски тимови, училишни активности или нивните омилени аниме ликови и личности од поп културата. Со своите поднесени дела, сепак, овие ученици ги пуштиле сопирачките, цртајќи во широк спектар на уметнички стилови.
Биле пријавени 50 дела од 249 ученици. Првата награда изнесува 100.000 јени (околу 716 евра). Погледнете некои од нив.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.