Има Мотеки, дизајнерско дуо од Јапонија, создаде комплет од безимени бои кои целат кон тоа целосно да го променат начинот на кој децата ги учат и размислуваат за боите. Наместо да употребуваат имиња, секоја тубичка со боја е означена со „равенка“ која покажува кои примарни бои се употребени и во кои пропорции за да се добие бојата во тубичката.
Дизајнерите на „Безимените Бои“, Јусуке Имаи и Ајами Мотеки, веруваат дека традиционалните ознаки за бои се проблематични. „Со тоа што не назначуваме имиња за боите, сакаме да ја прошириме дефиницијата за тоа што би можела да биде бојата, и повеќето нијанси кои можат да ги создадат со нивното мешање“, вели Имаи.
Со употребата на равенки наместо имиња, децата ги стекнуваат основите во теоријата на боите, нивниот сооднос и нијансите кои се добиваат при мешањето на основните бои.