Картонот отсекогаш бил вообичаен медиум што се користи во часовите по уметност. Сепак некои луѓе го знаат картонот како материјал од кој се прават кутиите за складирање и навистина ќе се изненадат од делата на Мономи Оно, кои таа успеа да ги направи од овој материјал. Оно, која ги споделува своите уметнички дела со над 13к следбеници на Инстаграм, го совлада картонот и успева да направи неверојатни скулптури од него.
Некои од нејзините работи вклучуваат секојдневни предмети, како што се часовници, популарни закуски и покомплицирани работи, на пример, автомобили, роботи и сл. Сите тие се крајно детални и изгледаат неверојатно реални. Оно е студент на Факултетот за уметности во Осака во Јапонија и таа немала средства за да ги заврши своите проекти и затоа морала да се сврти кон некој евтин материјал. Така и текнало да ги искористи кутиите од Амазон и сличните.