Јапонија вселенска агенција JAXA даде амбициозна предлог на Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија. Тие сакаат да пратат човек на Месечината до 2030 година. Агенцијата или ја предизвикува Кина, која планира да го спроведе истото до 2036 година, или пак планираат да соработуваат заедно за да ја остварат целта.

Постојат шпекулации и за двете теории, но втората им изгледа пологична на некои луѓе поради тоа што мисијата би била премногу скапа за да може агенцијата сама да ја реализира, а исто така портпаролот на JAXA изјавил дека планот е да се биде дел од „мултинационален човечки екипаж во лунарна сонда.“

Неименуваната мултинационална мисија ќе започне со подготовките до 2025 година. ЈАХА ќе открие повеќе за експедицијата на меѓународниот вселенски форум во Јапонија, во март, 2018 година. Се претпоставува дека тие ќе откријат и други планови, поради тоа што ангажмани имаат и Кина и Индија кои Јапонија би сакала да ги надмине, во т.н. „Азиска вселенска трка“.

Покрај тоа што кина сака да испрати астронаут на нашиот природен сателит во 2036 година, тие исто така имаат намера да ја истражуваат темната страна на Месечината во 2018. Индија успешно го тестираше првиот еднократен вселенски шатл во 2016 година и оваа година постави рекорд за лансирање на 104 сателити со една ракета.

Сподели на Facebook
пати видено