Сите знаеме дека се организираат натпревари со девојки во мокри маички кои секој маж сака да ги гледа со огромно внимание. Но, што ако сакаме и ние така да изгледаме, секој ден, во секоја пригода? Најверојатно не би сакале, ама сепак Јапонците нудат можност за сите ентузијасти.

Јапонската онлајн продавница EkoD Works продава маици дизајнирани да изгледаат како да се мокри, а лицето кое ги носи да изгледа како под маицата да има атрактивно тело. Маиците кои ги има и во машка и во женска верзија се направени од непроѕирен памук и чинат 36 долари. Сепак ова не се единствените забегани парчиња облека кои ги нуди оваа Јапонска онлајн продавница, подолу можете да видите уште неколку.

Сподели на Facebook
пати видено