Од вакви примери треба да учиме и вакви работи треба да копираме!
Јапонската корпорација Кјосера трансформира напуштено игралиште за голф во соларна електроцентрала, со амбиција да учествува како партнер и во исти такви проекти за обновлива енергија насекаде низ Јапонија. Минатата недела компанијата објави дека некогашното игралиште за голф во Кјото ќе го претвори во соларна електроцентрала од 23 мегавати.
На сликата е прикажан уметнички модел за проектот. Штом централата ќе биде завршена и пуштена во погон, што се планира за 2017 година, таа ќе генерира доволно електрична енергија за да се снабдат 8100 домаќинства.
Но, корпорацијата Кјосера нема намера да запре на тоа; таа се стреми да се здружи со други компании за да изградат соларна централа од 92 мегавати на игралиште за голф во префектурата Кагошима, коешто никогаш не било завршено.
Во Јапонија има многу игралишта коишто би можеле да бидат конвертирани во вавки соларни електроцентрали. Во 1990-те Јапонија доживеа ненадеен „голф бум“, па така биле изградени над 2000 нови игралишта за само неколку години. Но кога модата поминала, многу од игралиштата банкротирале и сега низ целата земја стојат тие огромни напуштени терени кои не служат за ништо.
За среќа, терените за голф се совршени за соларни централи. Отворениот простор добива големо количество на сончева енергија што ги прави идеални за инсталација на соларните панели. Можеби и други земји ќе го следат овој иновативен начин за пренаменување на напуштени терени.