Обувките купени во продавница ретко пасуваат совршено, па така посебните нарачки честопати за многумина се прескапи. Италијанскиот производител на обувки Вибрам, познат по производството на воени обувки, изнајде решение за овој проблем со совите Фурошики обувки.
Фурошики (風呂敷) е традициоанлна јапонска ткаенина во која се завиткуваат и пренесуваат нешта. За прв пат била употребена во периодот Едо за да се носи облека кога се одело во јавна бања. Фурошики обувките, дизајнирани од јапонскиот дизајнер Масаја Хашимото, немаат врвки и наместо тоа целосно се виткаат околу стапалото, по што и го добиле своето име. Овие нови чевли можат да се купат од јапонската Вибрам продавница за околу 120-130 евра, и ги има барем во пет бои.