Градот ќе се вика Подводна спирала и во него ќе живеат 5000 луѓе. Жителите на градот ќе бидат вклучени во екстракција на минерали од дното на океанот, како и во други истражувачки проекти. Подводниот град ќе ги чини Јапонците 26 милијарди долари.
Самиот град ќе биде сферична структура со дијаметар од 500 метри. Внатре ќе биде сместена главната 75-катната зграда, во која се планираат станбени објекти, рекреативни површини и центар за научна работа. Од горе до долу ќе има една голема спирала, која ќе служи како магистрала и преку која ќе се пренесува се што е потребно за непречен живот во градот.
Се планира подводниот град да стане целосно автономен. Подводните струи и темепратурните разлики на различни длабочини ќе им обезбедат на жителите електрична енергија.