Типичниот појадок за Кејт Рајтер бил енергетски пијалок и чоколадо. Цел ден јадела сендвичи и пица и јадела две вечери секоја ноќ – една од Мекдоналдс и една домашно приготвена вечера. Со овие навики 25-годишната жена од Лонг Џети започнала кога с запознала со нејзиниот свршеник Ник Џонс, и ја довеле до тоа да се здебели до неверојатни 120 килограми.
Таа вели дека нејзината дебелина не ја вознемирувала многу, сѐ додека не почнала да се одразува врз нејзиното здравје. Работела долги смени како продавачка, стоејќи по цел ден и нејзините стапала биле потечени како последица на нејзината прекумерна тежина, по што чувствувала огромна болка и не можела ни да се одвезе дома.
Кога се соочила со суровата реалност за нејзината тежина, Кејт почнала да ги намалува калориите и започнала со исцрпувачки режим на вежбање. По девет месеци успеала да ја намали својата тежина за пет конфекциски броја.
„Кога првпат го сретнав Ник имав околу 80 килограми и бев дебелка. Тој ме сакаше таква каква што бев и со него се чувствував удобно. Секоја ноќ со него јадевме храна на носење и пред да сетам, килограмите се покачија. Додека да наполнам 21 година, тежев 120 килограми. Бев толку дебела што не можев да стојам на работа, и набргу сфатив дека имам проблем.
Кога сфатив колку си го имам запуштено телото, решив да се доведам во ред.“
Се префрлила на свеж зеленчук и посно месо и почнала да вежба секој ден и набргу почнала да забележува промена во нејзиниот изглед.
„По девет месеци спаднав на 65 килограми. Никогаш не сум била толку слаба во животот. Се чувствував прекрасно. Сега телесната тежина повторно ми се покачи на 75 килограми, но тоа се сѐ мускули кои ги развив. Сѐ уште имам стрии, но не се срамам од нив. Ги носам со гордост, бидејќи тие покажуваат колкав пат сум изминала. Сакам да им дадам инспирација на другите жени да го променат својот живот, и верувајте ми, ако јас можев, секој ќе може.“