Вистински хорор филм се случи во рускиот град Санкт Петербург, а се започнало кога Самир Габибов ги загубил нервите, затоа што неговата нова сопруга заборавила да му го наполни телефонот.

01

Самир Габибов, 34, во полициската изјава рекол дека случајно ја убил неговата сопруга Гулнера Велиева, 23. Тој тврди дека таа падна лошо на главата и починала за време на расправија во нивниот дом.

Откако ја убил, ја завиткал сопругата во кеси за градежен отпад, го викнал братот за да му помогне да го исфрлат ѓубрето, но не му кажал што има внатре. На прашањето каде е снаата, рекол дека спие на горниот кат. Ја однеле жената и ја фрлиле надвор од градот.

02

Потоа Самир се вратил сам со велосипед на месото, ја качил и ја туркал 15 километри во една шума, каде што ја погребал.

Подоцна полицијата успеала да го најде закопаното тело и го испратиле на обдукција.

Полицијата соопшти дека вештачењето може да потрае некое време, затоа што телото било закопано повеќе од еден месец.

03

Најверојатно Самир ќе биде осуден за убиство на 15 години затвор.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено