Шеесетгодишниот Драган Љубисављевиќ бил уапсен во недела во Белград поради сомнеж дека ја претепал до смрт својата невенчана сопруга, педесет и едногодишната Ѓурѓица Михајловиќ, чие тело било најдено во напуштена куќарка во улицата Лединачка. Според медиумите, на убиството му претходела караница поради неисполнување на брачните должности. По наоѓањето на телото во петок наутро, полицијата го уапсила Љубосављевиќ поради сомнение дека невенчаната сопруга ја убил со бројни удари со летва, раце и нозе по главата и телото на жената.
Убиството се случило во малата куќарка во која сопружниците ги минале последните две години. После жестоката караница и тепање, насилникот сфатил дека жената е мртва. Се обидел да избега, но на полицијата не ѝ требало многу време да му влезе во трагата. Соседите велат дека слушнале жестока расправија од нивната куќа, на што не реагирале бидејќи често се карале, особено после заедничкото пијанчење.
„Во четврток навечер слушнав навреди и пцости кои доаѓаа од нивниот двор. Жената нон-стоп викаше нешто и му префлуваше на Драган. Јасно ги видов, а Ѓурѓица ја слушнав кога откако го крена здолништето, од Драган побара да имаат сексуален однос.
Драган на тоа ѝ одговори: `Престани да ме провоцираш! Си имам доволно свои проблеми. Со секс ми е како до ланскиот снег!“, изјавил за новинарите работник на фармата во близина, кој ја слушнал расправијата на сопружниците. Според него, Драган и Ѓурѓица ја продолжиле расправијата, а за убиството дознал во петок наутро. Телото на жената го нашол нивен познаник кој ги посетил и веднаш ја алармирал полицијата.
Жителите на Лединачка улица не го кријат своето лошо мислење за овие нивни соседи.
„Постојано се караа, а кога ќе се напиеја, ќе почнеше вистински циркус. Знаеја да се соблечат голи и да зборуваат разни глупости, но никого не задеваа“, вели еден нивен сосед.
Драган Љубисављевиќ е родум од Лесковац, кадешто има пријавено постојано живеалиште. Има деца од првиот брак, а со Ѓурѓица живеел осум години, но немале деца. Со неа најпрвин живееле во напуштена барака во населбата Звездара, а последните две години во напуштена пушница за месо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!