Сабрина Реј од Ајова е пронајдена мртва во домот на семејството кое што ја посвоило на 12 Мај оваа година. Пред нејзината смрт 16-годишната Сабрина тежела како просечно 7-годишно дете, само 25 килограми. Родителите кои ја посвоиле Марк и Мистри Реј, се обвинети за загрозување на животот на детето што довело до смрт. Кога Сабрина починала семејството било на одмор во Дизниленд.
Полицијата вели дека девојчето не можело да оди, да зборува или да јаде поради тоа што нејзиниот 21-годишен „брат“ Џастин, ја клоцал и ја турнал по скалите во подрумот. Заедно со Џастин во инцидентот учествувале и двајцата братучеди на Џастин, кои живееле во истата куќа со семејството и се обвинети за соучество.
Исто така обвинета е и „бабата“ на Сабрина, 62-годишната Карла, која исто така вршела тортура врз девојчето, не и давала да јаде, а подоцна дала лажна изјава и прикривала докази.
Во моментот кога Сабрина била пронајдена мртва, во куќата биле уште три посвоени деца од 10 до 12 години, кои исто така биле малтретирани и биле однесени во болница за да им се пружи лекарска помош.
Сабрина била пратена во дом за сираци откако нејзиниот биолошки татко, зависник од дрога и нејзината биолошка мајка биле обвинети за загрозување на детски живот. Таа била посвоена во 2013 година од семејството Реј. Сабрина има 27-годишна биолошка сестра и четири помали браќа кои исто така се дадени во семејства за згрижување.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!