Презентерката на ТВ вести која ја доби работата откако си ги покажа бујните гради во живо е отпуштена откако се согласила да направи фотосесија за Плејбој. Телевизиските уредници во Албанија биле толку импресионирани од пробното презентирање на 21-годишната Енки Брацај, што ѝ понудиле работа, и набргу по емитувањето рејтинзите почнале да се креваат. Но, сега нејзиние шефови се разбеснеле кога таа решила да ја впаричи својата новостекната слава така што ќе се соголи за американското списание за мажи Плејбој.
Голотијата, па дури и топлесот сѐ уште се сметаат за табу во конзервативната Албанија, кадешто околу 60 отсто од населението се муслимани. Директорот на телевизиската станица Зјар, Исмет Дришти, изјавил дека таа во моментот е под суспензија и преговара да не ја отпуштат. Според неговите зборови, тој ѝ понудил да се сосредоточи на новнинарство и нејзините студии и да заборави на фото-сесијата за плејбој. „Сѐ уште преговараме како да го решиме проблемот“, вели тој.
За идејата Енки да настапува полуразголена Дришти вели: „Се сетив на таа идеја откако увидов дека сите ТВ станици во Албанија го имаат повеќе или помалку истото лице и истата политичка порака и наклонетост или кон десната или левата политичка опција, а јас сакав да понудам нешто независно и со свежо лице.“
Но, очигледно и г-н Дришти не сака премногу независност.