Исцрпен од работата за којашто не студирав, решив дека е време да се патува. Речиси една година преспивав кај пријатели, работев дополнителни саати и продадов поголем дел сѐ што поседував.
На 13. септември 2011 година, се качив на авион, тргнувајќи на пат кој се претвори во тригодишно патешествие околу светот, во шеесет земји.
Патувањето со мал буџет и со ранец на грбот понекогаш знае да фрустрира. Автостопирав, преноќував во многу аеродроми, спиев во паркови и кампував. Во Чиле ми украдоа сѐ, а во Уганда камерата ми се уништи од вода. За малку ќе загинев кога ми се преврте автомобилот во намибиските пустини.
И покрај сѐ, непознати луѓе беа подготвени да ми станат пријатели и да ме прошетаат во нивниот град, ме честеа јадења и ми обезбедуваа место за спиење. Патувањето нѐ одржува будни за нашите разлики и спречува да го одбереме полесниот пат на предрасудите и затворениот ум. Се надевам дека ќе инспирирам и други луѓе да се решат да патуваат.
Волтер Чанг