Колку пати до сега сте си помислиле да ја напуштите својата работа и да почнете да го работите тоа што од секогаш сте го сакале? Секако дека сте помислиле. Но, треба се плаќаат сметки, треба да се купува храна, да се растат деца и така никогаш не го правите тоа.
Но, и така никој не ја напушта својата добро платена работа, колку и да ја мрази, нели така? Нели…?
Запознајте се со Крег Луис. По дипломирањето на факултет, Луис три години макотрпно работел, штедејќи пари, се до големиот ден. Тој ден ја напуштил својата работа и заминал, па, насекаде. За нешто повеќе од една година Луис посетил 36 земји и доживеал безброј авантури.
Крег патувал ефтино со цел да потроши што е можно помалку пари и да види повеќе од тоа како навистина живеат луѓето во местата коишто ги посетувал.
И навистина видел многу.
И многу забава.
Наместо луксузни патнички класи, Луис патувал со автостоп, па дури и преспивал на повеќе јавни места. Но за сметка на тоа имал можност да лета со летачки костим во Калифорнија, да скока од платформа во Англија, да посети камп во подножјето на Монт Еверест и да волонтира со деца во Африка. Дури имал можност да ја истражи уникатната геологија на Исланд под морската површина. Сонот не мора да биде само сон.