Во нејзините тинејџерски години Бетани Хамилтон ја загубила нејзината рака при напад на ајкула, но не дозволила тој инцидент да ја диктира нејзината иднина и решила да го оствари својот сон да стане професионален сурфер.

И продолжува да нѐ инспирира – шест месеци бремената 25-годишна жена е снимена како лебди на брановите на плажата во Кауаи, Хаваи. Бетани изгледа опуштено и среќно, поздравувајќи ги колегите сурфери на популарната сурферска дестинација.

634x423xbe-1.jpg.pagespeed.ic.m8r8BftZXZIpDmpr_ZSa

Бетани и нејзиниот сопруг Адам Диркс минатиот месец објавиле дека го очекуваат нивното прво дете. Атлетската двојка минатата година се натпреварувале во 25-та сезона од „Неверојатната трка“ – риалити шоу во кое парови се натпреваруваат во трка околу светот за да ја освојат наградата од 1 милион долари. Адами Бетани го освоија третото место.

Оваа решителна млада мајка не сака да дозволи ужасната несреќа и хендикепот како посладица на истата да ја направи разочарана и несреќна личност. Во врска со тоа вели:

„Мајчинство со една рака, понекогаш размислувам како ќе изгледа тоа. Понекогаш заборавам дека тоа што имам една рака ќе биде вистински предизвик да се менуваат пелени на расплакано бебе, но мислам дека исто како што денес успешно се прилагодувам и го живеам својот живот, ќе успеам да најдам начин и да се грижам за бебето.“

Навистина, Бетани е личност којашто може на секој од нас да ни служи за пример за борбеност и решителност, како и инспирација во животот.

xbe-2.jpg.pagespeed.ic.bH8Z5RMZTD2fX_ogY-nx

xbe-3.jpg.pagespeed.ic.szKhol9hroxfG4ax54du

xbe-4.jpg.pagespeed.ic.S3HHbcDeGgox7lqvobkm

xbe-5.jpg.pagespeed.ic.WafXeHBEOHguvDpUUGls

xbe-6.jpg.pagespeed.ic.vfQkNS1ZbjneseN1_1i3

xbe-7.jpg.pagespeed.ic.V3gNtQf02m1L0ILR06Wf

xbe-8.jpg.pagespeed.ic.xUktj_edngkRfs_kp0EW

xbe-9.jpg.pagespeed.ic.AkNtNoVL3ThSPZ2K8wO5

Сподели на Facebook
пати видено