Мајка која доела во јавност наводно испрскала со градата друга жена која ѝ кажала да појде на некое поинтимно место. Инцидентот наводно се случил во парк во Дартфорд, Кент, Велика Британија. Испрсканата жена подоцна напишала на Фејсбук:

„Кон дамата во паркот во Дартфорд која мислеше дека е соодветно да го дои своето бебе додека моето дете и мојот сопруг, кој многу лесно го губи вниманието, седеа во близина. Мислам дека не беше неопходно да реагираш на тој начин кога ти кажав да појдеш на некое поинтимно место, велејќи ми да оде*ам и да ме испрскаш со твоите гради, беше нешто неверојатно што не го заслужив. Се надевам дека ти е срам!“

d01

Но, на тоа многумина локални жители застанале на страна на доилката:

„Се надевам дека ти си таа која се срамиш. Нејзината реакција можеби не била најправилниот начин да се справи со твојата неукост, но таа ги имала сите права да го подои своето дете таму; ако тоа толку ти пречело и било навреда за тебе, зошто ти не си си заминала?“, пишува една жена.

На тоа друга жена се надоврзува:

„Колку е тажно тоа што на доењето се гледа како на нешто лошо. Браво на жената што ѝ кажала на оваа жена да оди таму каде што треба.“

d02

Други пак го критикувале нејзиниот сопруг кој ги „меркал“ мајката и детето.

Со нов закон во Британија, на доилките им е дозволено да дојат во јавност и не смеат да бидат дискриминирани од другите ниту да ги тераат да одат на друго место.

Сподели на Facebook
пати видено