Во нејзината последна серија слики, Синта Видал Агуљо од Барселона им пркоси на гравитациските и архитектонски конвенционалности, создавајќи капсулирани сцени и перспективи кои се испреплетуваат. Сликите се во акрилни бои на дрвени панели. Агуљо вели дека секое дело ја испитува човечката внатрешна перспектива на животот која не секогаш се совпаѓа со реалноста која нѐ опкружува.
„Со овие негравитациони конструкции сакам да покажам дека ние живееме во еден свет, но живееме на сосема различни начини – играјќи се со секојдневните предмети и простори на начини кои не можат да се опишат, со внатрешни димензии кои не секогаш се совпаѓаат со менталните структури на луѓето кои не опкружуваат. Сето ова е дел од метафора која опишува колку е тешко сѐ да се вклопи во просторот кој ни е даден: нашите врски, работата, амбициите и соништата“.