Еден велосипед, една жена, една граница – околу Полска за само два месеци. Извозив 3551km околу мојата земја иако порано патував само во странство, посетувајќи ги Централна Америка, САД и Јапонија, меѓу многу други.
На крајот дојдов до заклучок дека мојата земја е таа којашто вреди да се истражува. Местата околу вас, луѓето коишто ги среќавате во секојдневниот живот, за сите нив се мисли дека се помалку интересни – а тоа е толку погрешно!
Доста луѓе ме прашуваат зошто решив да возам велосипед околу Полска наместо низ некоја друга, поубава земја. „Бидејќи Полска е апсолутно прекрасна и живописна!“, ќе одговорев. Имаме обичај магичното и волшебното да го бараме далеку од дома, во најдалечните краишта на светот. Но не сфаќаме дека тоа што ви е на дофат на раката е најретката убавина.
Ова е мојата маршрута
Пристигнав во Кружинјани, татарско село во Полска, сѐ уште населено од Татари.
Кадешто можете да ја вкусите локалната кујна, да ја посетите прекрасната кујна и т.н. мизар, што се стари муслимански гробишта.
Во малото село Стањчики се прошетав крај прекрасните виадукти, највисоките мостови во Полска.
Потејќи се како свиња, скитав по високите патеки на Бештадскиот национален парк, восхитуваји се на чудесните планински пејсажи
Ги слушав приказните за златните и сребрените рудници во Злоти Сток и Сребрна Гора, чиишто скирени богатства допрва треба дасе најдат
Го поставив својот шатор крај едни прекрасни езера и лагуни
Шетав по песочните плажи на Дарловко и Колобжег.
Бев на индивидуално сафари, возејќи крај прекрасната Бјаловјешка шума, барајќи бизон. На крајот и најдов еден!
Исто така минав и низ мојот роден град Горлице кадешто го минав своето детство и повторно го погледнав местото, откривајќи нови агли и мистерии за кои не бев свесна
На крајот дојдов до тоа да можам да кажам дека не мора да се најдете на другиот крај на светот за да сликате добри слики, да бидете импресионирани, да откриете нови места, да се запознаете со неверојатни луѓе и да бидете маѓепсани од пејсажите
Ги посетив полските „вештерки“ – шептухи. Една од нив ми кажа дека во минатиот живот сум била Индијанка!
Фотографирав осамени дрвја
На крајот го затворив кругот околу Полска и го завршив патувањето во мојот прекрасен град Гдањск.
Дојдов до заклучокот дека дури и твоето сопствено соседство може да те однесе на најневеројатното и најавантуристичко патешествие на сите времиња