Научниците успешно создадоа два ембриони од северниот бел носорог во очаен обид да го спасат видот. Вкупно, седум јајца беа собрани од научниците од последните две преостанати женки од видот – мајка и ќерка Најин и Фату – иако само две од помладата, Фату, станале одржливи ембриони.
Ембрионите наскоро ќе бидат префрлени во мајка-сурогат, поради тоа што и Најин и Фату се премногу стари за да ги носат своите потомци.
За да ги направат ембрионите, научниците ги инјектирале јајце клеткитена Фату со замрзната сперма од една од последните починати машки северни бели носорози, Суни. Јајце клетките на Најин биле инјектирани со друга спермата на починат мажјак (Саут), но таа била со „навистина лош квалитет“.
Според изјавата објавена од Ол Пејета Конзервансис, која ги собрала јајцата пред околу три недели, едно од јајцата на Најин иницирало сегментација, но ниту тоа на крај не било успешно.
Професорот Томас Хилдебрант од Институтот Лајбниц за истражување на зоолошките градини и животинскиот свет, кој помогна во процесот на собирање јајца, рече дека тимот ги развива и планира овие процедури „со години“.
Минатата година почина последниот машки северен бел носорог на земјата, Судан, оставајќи само две женски северни бели носорози, Најин и Фату, и двете се негови директни потомци.
Но, сепак има надеж; според Светскиот широк фонд за природа, јужниот бел носорог се опорави со население од помалку од 100 во доцниот деветнаесетти век, до нешто повеќе од 20.000 денес.