Се чини дека речиси сѐ што е популарно, секогаш е како во онаа прикаската „Царот е гол“. Цената за овие слушалки се движи од 100-тина до 400 долари, во зависност од моделот. Џими Ловин и Др. Дре создадоа империја од 3.2 милијарди долари од нив откако минатата година ја продадоа компанијата на Ејпл.
Тоа што многу луѓе не го знаат е дека изработката на еден пар слушалки Битс не чини повеќе од цената за едно потстрижување. Се открило дека изработката на луксузните слушалки чини некаде околу 14 долари. Кога ќе земете предвид колку треба дас платите за еден пар, просто е виц.
А кога на тоа ќе го додадете фактот дека „Тајм“ слушалките на Др. Дре ги рангира меѓу најлошите по квалитетот на нивниот звук, воопшто не е тешко да се дојде до заклучок дека практично се работи за измама.
Се чини дека маркетингот на Др. Дре му завршил голема работа бидејќи денес тој е сопственик на 27 проценти од индустријата за изработка на слушалки, која носи 1.8 милијарди долари годишно.
Според стандардите на модерниот капитализам, човекот си е генијалец. Од друга страна…