За изработката потрошив девет месеци и употребив стотици метри дрво и други материјали како пластика, бакар, хартија итн. Направив повеќе од сто минијатурни предмети, сите дизајнирани според особеностите на тоа време. Имаше многу предизвици, особено при истражувањето. Успеав да најдам само неколку стари фотографии на стари студија, и сите во црно-бела техника.
Така, морав многу да читам за фотографијата и фотографите од старите времиња, обидувајќи се да откријам какви алатки, техники, стилови и бои користеле во нивните студија. Најтешкиот дел беше да се долови духот на таквите места во намален размер. Откако прочитав многу статии, изгледав стотици фотографии и направив огромно истражување, успеав да изградам типично студио од старите времиња во чест на еден стар фотограф.