Шимон Хајут и Сесил Фјелхој се запознале во Лондон, Англија преку апликацијата за наоѓање партнери, Тиндер. Шармантниот 28-годишен господин ѝ кажал на жената од Норвешка, дека неговото име е Симон Левиев, син на познатиот трговец со дијаманти Лев Левиев.
Тој со него имал асистенти и обезбедување, така што 31-годишната жена, не се посомневала дека тој е „Принцот на дијамантите“, како што се преставувал. Но, после 4 недели врска, Шимон имал необично барање од Сесил.
Тој ѝ објаснил дека не смее да остава електронска трага каде патува и што купува, поради безбедносни причини и затоа ја замолил Сесил да отвори сметка во банка, да стави пари на неа и да му ја даде картичката, а тој постепено ќе ѝ ги враќа парите на сметката. Сесил извадила Американ Експрес платинум картичка според неговите инструкции и на неа ставила 200.000 евра. Таа најголемиот дел од парите ги позајмила, само за да му помогне на саканиот.
Шимон ги потрошил сите пари за само 54 дена. Според сметките парите на Сесил се трошеле на Louboutins во Бангкок, на Гучи во Барселона, во Риц Карлтон во Берлин и Конзерваториумот во Амстердам. Од 2 март до 25 март минатата година, тој потрошил повеќе од 75 000 евра на AMEX.
Шимон исто така ги користел парите на Сесил за да „улови“ други жени, исто така преку апликацијата Тиндер. Со истата приказна измамил и жена од Шведска од која успеал да земе 35.000 евра. Според извештаите од банката за една вечер Шимон поторшил 10.000 евра за да однесе својата нова девојка на опера со лимузина.
Сесил вели дека тој секој ден контактирал со неа и делувал многу вљубено и шармантно. Тој ѝ кажал да бара луксузни апартмани во Лондон за да живеат заедно, а исто така ѝ испраќал и лажни уплатници дека ѝ ги враќа парите на сметката.
Кога снемало пари, а „Принцот на дијамантите“ не се сретнал со Сесил во Осло таа конечно сфатила дека е измамена. Шимон всушност била баран за измама и фалсификување во Израел уште од 2011 година. Тој бил 3 години во затвор во Финска, за измама на три жени. Тој исто така се бара за измама во Израел, Англија, Норвешка и Шведска. Се верува дека за време на неговите „претстави“ тој има украдено милиони од неговите жртви.