Како знак дека веќе почнуваме да живееме во далекусежната високо-технолошка дистописка иднина каде никој веќе не може да каже што е реално, служи оваа софистицирана кражба во која што како од шега се однесени 243.000 долари.
Неодамна се случи првиот криминал познат за властите со користење на глас генериран од вештачка интелигенција. Според извештајот, непознат измамник успеал да убеди извршен директор на неименувана британска енергетска компанија дека е на телефон со главниот извршен директор на нивната матична компанија во Германија.
Гласот прашал дали извршниот директор префрлил 220.000 евра (243,000 американски долари) на банкарската сметка на добавувачот во Унгарија, за да избегне „казни за задоцнето плаќање“, што извршниот директор продолжил да го прави.
Додека на телефон, измамниците испраќале финансиски детали преку е-пошта. Се разбира, трансферот одел кон измамниците. Од осигурителната компанија велат: „Софтверот беше во можност да го имитира гласот. И не само гласот: тоналитетот, интерпункцијата, германскиот акцент.“
Измамата набргу била откриена откако крадците станале алчни и повторно му се јавиле на извршниот директор барајќи да се изврши понатамошна исплата.
„’Јоханес’ бараше да разговара со мене додека јас сè уште бев на телефон со вистинскиот Јоханес!“, изјавил извршниот директор.
Парите кои веќе биле испратени не се вратени, откако биле пренесени преку сметки во Унгарија и Мексико, пред да бидат распространети на друго место, а ниту еден осомничен не е наведен, ниту е извршено апсење.