Измамници од Канада бричат обични мачки и ги продаваат како мачки од раста Сфинкс, кои се без влакна и чинат до 740 долари за мачка. Повеќе жени во регионот Алберта претрпеле загуба од стотици долари откако купиле нешто што верувале дека е маче Сфинкс, за да ја откријат измамата кога на мачката почнало да ѝ расте крзното.

mc

Џоен Дајк ја купила нејзината мачка преку огласи на интернет. Продавачот кој ја рекламирал мачката ѝ предложил миленичето да ѝ биде доставено преку пошта.

„Беше како мало маче, не постаро од осум недели и беше голо, без ниедно влакно“, раскажува Дајк, која мачето го нарекла Влад. Кога го донела дома, видела дека Влад има белези по целото тело. Ветеринар ѝ кажал дека белезите кои веројатно се предизвикани од брич или од крем за отстранување влакна се инфицирале и можат да доведат до ампутација.

„Јас мислев дека плаче по мајка си, но мачето веројатно мјаукаше така од болка“, раскажува Дајк. Таа подоцна го контактирала Здружението за спречување суровост кон животни од Алберта, но тие не можеле да ѝ помогнат, бидејќи траумата поминала. Влад целосно закрепнал и сега има густо портокалово крзно.

Се јавиле и две други жени кои биле измамени, но луѓето кои стојат зад измамата се сѐ уште на слобода.

Сподели на Facebook
пати видено